Вечерно училиште со Зелена Алтернатива

Обука за подготовка на екстракти од канабис за лична употреба

Евидентно е дека дека само со направените видеа, дел од лицата на кои им е потребна помош, не можат целосно да се снајдат и сами да си помогнат и со цел на продолжување на континуираната едукација за канабисот, Зелена Алтернатива во соработка со Public Room и Organic Growshop MK, во текот на месец мај организира предавања за канабисот, од семе и садење, преку сув цвет готов за употреба, до финална изработка на екстракти од канабис.

Поради социјална сензитивност на темата се напоменува дека обуката е од образовен карактер и е наменета за лица на кои маслото/екстрактите од канабис им се најмногу потребни (заболени од рак и останати здравствени состојби).

За следење на секој модул, секој регистриран учесник купува билет од 150 денари во кој е вклучен еден пијалок. Местата за вечерното училиште се лимитирани и ќе бидат исполнети на принцип, прв пријавен – прв послужен.

Регистрација за секој модул одделно е задолжителна и се врши со најава преку email: contact@publicroom.org со испраќање на: Име, Презиме – регистрација за вечерно училиште со зелена алтернатива.

ПРОГРАМА ПО ДЕНОВИ / МОДУЛИ

МОДУЛ 1 – (РЕГИСТРАЦИЈА ЗАДОЛЖИТЕЛНА)
18:00Ч.
НЕДЕЛА // 6. Мај, 2018
• Одлука за садење
• Простор за садење
• Припрема на просторот
• Обезбедување на семенски материјал, опрема и сл.
• Најчести грешки во оваа фаза

МОДУЛ 2 – (РЕГИСТРАЦИЈА ЗАДОЛЖИТЕЛНА)
18:00Ч.
НЕДЕЛА // 13. мај, 2018

• Вовед во правилно одгледување на канабис: од р’тење до цветање
• Најчести грешки во оваа фаза

МОДУЛ 3 – (РЕГИСТРАЦИЈА ЗАДОЛЖИТЕЛНА)
18:00Ч.
НЕДЕЛА // 20. мај, 2018

• Вовед во правилно одгледување на канабис: од цветање до берба и сушење
• Најчести грешки во оваа фаза

МОДУЛ 4 – (РЕГИСТРАЦИЈА ЗАДОЛЖИТЕЛНА)
18:00Ч.
НЕДЕЛА // 03. јуни, 2018

• Вовед во правилна екстракција на канабис: простор, опрема и подготовка
• Најчести грешки во оваа фаза

За повеќе информации можете да се обратите на Рената Наумовска преку email: zelenaalternativamk@gmail.com