Хронична мигрена

Здраво. Имам 57 години и цел живот боледувам од мигренозна болка, поради која често завршувам на лекар со инекции и јаки аналгетици. Причината за главоболката не е откриена. Постојано користев аналгетици и анти-инфламаторни лекови кои со тек на време го уништија мојот желудник. Се одлучив да пробам канабис по сугестија на мојата керка која имаше некакви основни познавања на темата и цврсто веруваше и беше убедена дека канабисот ќе помогне.

Успеавме да најдеме масло од канабис со поголема концентрација на ТХЦ, кое го спремавме во капсули за орална употреба. Капсулите ги правевме со кокосово масло во нашиот дом. Прв пат пробав една капсула навечер пред спиење и заспав некаде четириесетина минути по земањето на капсулата. Следниот ден забележав дека воопшто немам главоболка, нешто што го немав почуствувано со години. Стигна и времето за повторно земање на следната капсула, а јас сеуште немав главоболки. Така, неколку недели користев по само една капсула навечер, а потоа, откако малку се навикнав на дејството, кое ми предизвикуваше блага седација, почнав да користам и по една капсула преку ден.

Можам да се пофалам дека повеќе од 14 месеци немам почуствувано главоболка. Освен тоа, повеќе сум смирена, немам болки ни во мускулите ни зглобовите, а ми се повлекоа и проширените вени и капилари кои ги имав на нозете. Генерално освен благото чувство на седација, кое воопшто не беше непријатно, од канабисот немав никакви негативни ефекти или последици. Го препорачувам на секој кој пати од мигренозна болка.