Што претставува THC?

Што е THC?  Можеби сте слушнале дека THC е примарната психоактивна супстанца на канабисот. Но за што се користи и како функционира? Дали навистина има медицински бенефит или се работи само за реклама?

Што е   delta9-Tetrahydrocannabinol (THC)?

THC  е една од многуте хемиски компоненти познати како канабиноиди пронајдени во смолота од жлездата на женскиот канабис цвет. Во свежа нерафинирана состојба на растението THC е многу поприсутно во својата киселинска, ацидна форма како THCA.  Машкото канабис растение исто така произведува мали количини на THC, но не доволно за медицински интерес.

Во органската хемија, овие канабиноиди работат како секундарни метаболити, дополнителни супстанци произведени од растението што немаат директно влијание за развој на растението или негова репродукција. Растенијата како канабисот, ги произведуваат во овие метабалити како внатрешен имун систем.

Потенцираните супстанци му помагаат на растението да се брани од паразити, вируси, бактерии, како и други предатори од природата. THC има и антивирусни и антибактериски својства и во човечкиот организам. Други канабиноиди како cannabigerol (CBG), исто така имаат многу уникатни дејства како уништување или забавување на растот на бактериите, како и кај луѓето, така и кај растенијата.

Откривање на THC

Научникот  Rafael Mechoulam прв пат започнува на изолирање на главните активни супстанци на канабисот во раните 60-ти години од минатиот век. Mechoulam беше првиот човек кој успешно го изолира  delta9-Tetrahydrocannabinol (THC), основната психоактивна состојка на канабисот.

 Науката на THC

Од повеќе од 140 досега откриени канабиноиди кај канабисот, само еден произведува моќни, нетоксични, психоактивни ефекти, THC. Но зошто? Многу едноставно, молекуларната структура.

THC ја има вистинската молекуларна структура за да прави специјални врски со рецептори кои се наоѓаат низ нашето тело. Сега е веќе познато дека овие рецептори се дел од поголем систем, т.н. ендоканабиноиден систем.

 

Ендоканабиноиден систем и  THC

THC се врзува за т.н. канабиноидни рецептори и секој од нив претставува дел од ендоканабиноидниот систем (EKС). ЕКС е мрежа од канабиноидни рецептори што регулираат различни функции во телото. Помага во одржување на хомеостаза, односно баланс од клеточно ниво, до работа на органи и цели системи.

Оваа мрежа од рецептори испраќа и прима сигнали кои овозможуваат посложена хемиска реакција. Одредени канабиноидни рецептори како CB1 рецепторот се најмногу концентрирани во централниот нервен систем, иако истите можат да се пронајдат низ целото тело. Во голем број се присутни во дигестивниот систем, кожата, дури и во репродуктивните органи.

THC се врзува со канабиноидните рецептори како клуч со брава и иницира серија од хемиски реакции што предизвикуваат промени во нашиот мозок и нашето тело. Кога THC ќе се активира во мозокот се чувствува промена во однесувањето и когнитивното однесување. Овие промени не мора да значи дека се негативни, иако може да предизвикаат неудобност кај многу луѓе.

Когнитивното и променето однесување не се единствените ефекти на THC. Канабисот го активира имуниот систем и ги спречува потенцијалните жаришта во нашето тело. Го зголемува апетитот, ги ослободува хормоните за глад и го активира метаболизмот. THC исто така има и седативно, смирувачко дејство.

Но како всушност THC ја врши својата функција? Всушност заменува молекули кои нашето тело сами ги произведува и кои делуваат на истите рецептори како и THC, т.н. ендоканабиноиди. Досега има повеќе откриени ендоканабиноиди, еден од најпознатие е анандамидот (anandamide).

THC  наспроти  CBD

THC е примарната психоактивна супстанца во канабисот, додека CBD кој е втор најприсутен канабиноид во канабисот, за разлика од THC не е психоактивен. CBD може да ги намали психоактивните ефекти на THC.

THC се врзува директно со канабиноидните рецептори во нашето тело, додека  CBD не прави директна врска со рецепторите како клуч и брава, иако ги активира рецепторите. Дел од дејството на CBD е и инхибирање enzyme fatty acid amide hydroxyls (FAAH) што е ензим кој ги разградува ендоканабиноидите. Инхибирањето на овие ензими ја зголемува количината на природните канабиноиди присутни во човековиот организам.

Медицинска вредност на  THC

Со се повеќе студии во кои се истражува канабисот се повеќе се прифаќа огромната вредност на THC во медицината. Едни од најважните се секако и истражувањата за THC како потецијален третман за канцер. Истражувањата на (Researchers at the Complutense University of Madrid) открија дека THC всушност предизвикува самоуништување на туморните клетки, т.н. самоизедување кај животни модели (auto-digest themselves in animal models), што значи дека THC може да има витална улога во драстично редуцирање на големината на туморот кај луѓето заболени од оваа болест.

Способностите на THC да се бори со туморните клетки се навистина неверојатни. Но овој канабиноид исто така е одличен потенцијален аннтиинфламаторен лек. Инфламациите се еден од најчестиот предизвикувач на потешки болести и состојби, како автоимуни заболувања, невродегенеративни болести, болки и депресија.

Болести кај кои THC помага се:

Генерални бенефити од користење на THC се:

  • Ослободување од стресот
  • Релаксација
  • Подобрено расположение
  • Намалување на болка
  • Социјално поврзување
  • Подобрување на расположението